Како што пренесува „Дејли Мејл“, Алексис Санчез е блиску до тоа да стане најплатен фудбалер во Премиер лигата.
Англиските медиуми овие денови пишуваат за големата „војна“ на градските ривали Јунајтед и Сити! Иако изгледаше дека Манчестер Сити е поблиску до Санчез нешто се промени и сега Жозе Мурињо е во „пол“ позиција, така барем пренесува „Дејли Мејл“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо наводно му ветил на директорот Ед Вудворд дека дефинитивно се откажува од Гризман и Бејл доколку клубот му обезбеди пари за Чилеанецот овој месец. Јунајтед веднаш реагираше со понуда од 40 милиони фунти што сигурно ги задоволува апетитите на Арсен Венгер, а потоа и лесно го убедил Алексис Санчез со примања од 350.000 фунти неделно.
Познато е дека Сити на Арсенал му нудеше 20 милиони фунти и дека му ветуваше сериозна плата на лето, дури 70 милиони фунти за четири години.
Проблемот на Сити во овој момент е финансискиот фер-плеј и тоа е причината поради која Сити не е во можност да понуди повеќе од 20 милиони фунти.. Гвардиола наводно на лето планира продажба на Агуеро, Туре и Мангала со што би го растеретил буџетот за скапи засилувања, но тоа е веќе друга тема…
Она што е суштина на ова е тоа дека сега се е на Алексис Санчез. Или оди веднаш во Јунајтед и станува најплатен фудбалер во Премиер лигата или го чека летото и трансферот во Манчестер Сити, бидејќи Арсенал не помислува да го пушти својот фудбалер за сума помала од 20 милиони евра.
Дека Венгер е спремен да го пушти Санчез до крајот на месецот за понуда од 40 милиони евра говори и податокот што според француските медиуми тој спрема понуда за Бразилецот од Бордо, Малком кој изнесува 35 милиони фунти. Сепак, се додава дека преговорите нема да бидат баш лесни и дека сигурно ќе потраат некое време бидејќи од Бордо имаат намера од „топчиите“ да извлечат 45 милиони фунти за својот најдобар играч.