Дома Фудбал Англија Мурињо ги дочека своите „пет минути“ – го „пецна“ Гвардиола!

Мурињо ги дочека своите „пет минути“ – го „пецна“ Гвардиола!

Многумина по епизодата во Манчестер Јунајтед сметаа дека времето на Жозе Мурињо е поминато, но во Рим Португалецот покажува дека се уште може да води екипи на највисоко ниво.

Минатата сезона ја освои Конференциската лига, а оваа сезона обезбеди финале во Лигата на Европа во кое ќе игра против Севиља. Рома во полуфиналето го победи Баер Леверкузен со 1:0 во првиот натпревар, а во вториот одигра 0:0 и така ја зачува предноста.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што тој добро знае, Мурињо ги затвори приодите кон својот гол и обезбеди финале. Поради таквата игра Португалецот беше критикуван, сега тој им одговори на критичарите, но и го пецна Гвардиола.

„Екипите кои имаат на клупата играчи од 40 до 70 милиони евра не страдаат поради густиот распоред. Во средата кај Сити од клупата влегоа играчи како Алварез, Фоден, Марез...Ние изгубивме четири-пет играчи и моравме да страдаме за да ја одбраниме предноста.

Во Рома влегува оној на кој му дошол редот. Минатото лето вложивме само седум милиони евра и се пласиравме во финалето, во денешниот фудбал ова е голем успех“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…