Дома Трансфер зона „Мундо Депортиво“ тврди: Барса проблемите во одбраната ги решава со 34 годишниот Србин!

„Мундо Депортиво“ тврди: Барса проблемите во одбраната ги решава со 34 годишниот Србин!

Каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“ кој е близок на Барселона тврди дека постојат шанси српскиот репрезентативец, Бранислав Ивановиќ во јануари да се пресели на „Камп Ноу“.

Иако Ивановиќ има 34 години и се наоѓа пред крајот на кариерата во Барселона наводно веруваат дека се уште има квалитет да игра на највисоко ниво и да ги покрие „дупките“ кои настанаа со повредите на Умтити и Вермален. Освен тоа Жерар Пике ја игра веројатно најлошата сезона од кога го носи дресот на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ тврди дека Ивановиќ за Барса во овој момент изгледа како идеален избор. Неговиот договор со Зенит истекува на лето и не би бил премногу скап, искусен е и знае како се играат големи натпревари.

Треба да се потсети и дека Барселона и пред две години се обидуваше да го доведе Ивановиќ, додека тој беше член на Челзи, но тогаш Србинот одлучи да се пресели во Русија.

Ивановиќ во кариерата настапуваше за Срем, ОФК Белград, Локомотив Москва, Челзи и Зенит. Најдобрите денови од кариерата ги помина во Лондон, а за девет години поминати на „Стенфорд Бриџ“, освои три титули во Премиер лигата, три трофеи во ФА Купот, а триумфираше и во Лигата на шампионите.

За репрезентацијата на Србија одигра 105 натпревари и постигна 13 погодоци.

https://youtu.be/kkDJz3ibRP8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…