Дома Топ вести „Мундо Депортиво“: Откриена е понудата со која Барселона сакала да го врати Нејмар

„Мундо Депортиво“: Откриена е понудата со која Барселона сакала да го врати Нејмар

Барселона и ПСЖ пред два дена преговараа во Париз за враќање на Нејмар, но на тие преговори не е забележан напредок во преговорите, барем според она што се пишува во медиумите.

„Мундо Депортиво“ пишува дека ПСЖ уште еднаш и порачал на Барселона дека сака 220 милиони евра, а тоа е сума која Барселона не може да ја исплати во овој момент.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Освен тоа реномираниот шпански медиуми открива и каква била понудата на Барселоан и ако нивните информации се точни сега е јасно зошто не дошло до договор.

Првата понуда на Барселона замена за Кутињо – Нејмар и таа понуда веднаш била одбиена од страна на раководството на францускиот клуб. Потоа наводно во Барселона стигнале и до понуда од Кутињо и 100 милиони евра, меѓутоа ниту тоа не било доволно.

Во ПСЖ според она што се пишува барале двајца играчи плус 100 милиони евра.

Барселона сакала да се ослободи од Кутињо кој не ги оправда очекувањата и да му направи услуга на ПСЖ да го ослободи од незадоволниот играч, меѓутоа луѓето од ПСЖ не сакале да се договорат за таква понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…