Дома Топ вести „Мундо Депортиво“: Кутињо ја напушта Барселона поради Меси?

„Мундо Депортиво“: Кутињо ја напушта Барселона поради Меси?

Фелипе Кутињо на почетокот на 2018 година пристигна како големо засилување во Барселона, но оваа сезона баш и не му оди како што планираше.

Каталонскиот куб вложи огромна сума во доведувањето на Бразилецот кои така стана најскапото засилување во историјата на Барселона. Кутињо добро ја започна оваа сезона и одигра неколку одлични натпревари, но едноставно започна да се „губи“ на теренот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе неколку недели Кутињо се наоѓа на удар на критики на навивачите на Барселона кои бараат од него подобра игра. Ернесто Валверде има доверба во него, но бразилскиот играч едноставно никако не успева да ја пронајде старата форма.

За работата да биде полоша веќе некое време се шпекулира за тоа дека Барселона би можела да го продаде на крајот од сезоната, а сега кружат гласини дека и самиот Кутињо не е среќен во Барселона.

„Мундо Депортиво“ објави дека Кутињо размислува за заминување од Барселона бидејќи не се вклопил во тимот како што очекувал.

Наводно Кутињо очекувал Валверде да не му ја менува толку често позоцијата, односно верувал дека ќе игра во средниот ред повеќе отколку на крилната позиција како што беше случај во претходните месеци.

Исто така Кутињо според информациите смета и дека е толку во сенка на Лионел Меси, слично како што беше и со Нејмар. Поради тоа не би било изненадување доколку Бразилецот на крајот од сезоната ја напушти Барселона.

Кутињо во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања одигра 40 натпревари, постигна девет голови и запиша пет асистенции

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…