Денес македонскиот ракомет доби нов клуб, РК Алкалоид, а главната цел на овој клуб како што порачаа сопственикот Живко Мукаетов и партнерот Кирил Лазаров е создавање на македонска репрезентативна иднина.
Мукаетов на прес-конференцијата порача дека лично него повеќе би му било драго ако Македонија освои медал на некој голем турнир, отколку пласман на РК Алкалоид на Европско или Светско првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сметам дека јас како претседател досега покажав неутралност, сакам сите да имаат еднакви шанси, затоа и клубот ќе почне од првата лига, очекувам да расте со правилна работа. Го правиме овој проект за доброто на македонскиот ракомет. Отворено можам да кажам дека повеќе би сакал медал со Македонија на ЕП или СП, отколку пласман на РК Алкалоид на Ф4 во Келн“, порача Мукаетов.