Дома Останати Авто Мото Мото ГП: Марк Маркез со победа на домашен терен

Мото ГП: Марк Маркез со победа на домашен терен

Aктуелниот светски шампион и возач на Респол Хонда, Марк Маркез победи денес на трката во Мото ГП за Големата награда на Шпанија.

Домашниот возач уште на почетокот го превзема водството од Фабио Квартаро од Јамаха, водеше од почетокот до крајот и оствари победа со резултат од 41 минута и 08.685 секунди.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Второто место го освои Алекс Ринс од Сузуки со заостанување од 1.654 секунди, а трет беше возачот на Јамаха Маверик Вињалес со 2.443 секунди заостанување.

Петкратниот светски шампион сега е прв во генералниот пласман со бод помалу од Рунс, додека на третото место е Андреа Довициозо од Дукати откако денешната трка ја заврши на четвртата позиција.

Седумкратниот светски шампион, Валентино Роси трката ја заврши како шести, а во генералниот пласман е четврти со 61 бод.

Наредната трка во шампионатот се вози за две недели во Ле Ман за Големата награда на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Менаџерот на Шумахер: Веројатно никогаш повеќе нема да го видам Михаел

Легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер во 2013 година имаше тешка несреќа на скијање …