Дома Останати Кошарка Морнар славеше победа, МЗТ се распадна во второто полувреме за петти пораз во АБА

Морнар славеше победа, МЗТ се распадна во второто полувреме за петти пораз во АБА

Кошаркарите на Морнар го совладаа МЗТ во Скопје со резултат 94:77 (27:22, 20:22, 10:23, 20:27) во шестото коло од АБА лигата.

МЗТ одлично го започна натпреварот и по првата четвртина стекна пет поени предност, Крстевски, Стојановски и Кофи беа расположени.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во средината на втората четвртина, тимот од Бар се врати во мечот и дојде до предност, но сепак на полувремето заостануваа три поени.

Решавачка беше третата четвртина во која Михаиловиќ и Расел „пукнаа“, Морнар дојде до водство од 7:0 и 12:0 кое не го испушти до самиот крај на мечот.

На крајот сигурен триумф на морнарите во кој Михаиловиќ постигна 25 поени, Расел додаде 22, а двоцифрени беа уште Пецарски со 13, Вранковиќ со 12 и Врањеш со 11 поени. Во МЗТ Крстевски постигна 22 поени, Кофи додаде 14, а Стојановски 13 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Со патика го блокираше ривалот: Човекот кој „го претепа“ Јокиќ изведе неверојатен потег на натпревар (Видео)

Шокантен потег изведе кошаркарот на Оклахома Алекс Карузо на натпреварот против Орландо. О…