Алваро Мората ова лето се врати во Јувентус и игра како препороден, но не крие дека Атлетико Мадрид е клубот на неговото срце.
Сепак, напаѓачот признава дека решил да ги напушти „јорганџиите“ поради недостатокот на амбиции на клубот и смета дека во Јувентус полесно ќе освојува трофеи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Атлетико Мадрид е клубот на моето срце, но тие се борат за второто место. Би сакал последниот дрес кој ќе го облечам во кариерата да биде тој на Гетафе“, изјави Мората, но додаде дека Атлетико оваа сезона може да ја освои титулата во Шпанија.