Дома Трансфер зона Мончи ја објасни целата ситуација – еве што се случувало со Малком

Мончи ја објасни целата ситуација – еве што се случувало со Малком

Рома денес го претстави новиот голман Олсен, но главна тема на конференцијата беше ситуацијата со Малком кој вчера беше виден како играч на Рома, за потоа целиот трансфер да пропадне и тој да избере Барселона.

Спортскиот директор Мончи на новинарите им објасни што се случувало.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Она што се случи со Малком е лесно да се објасни, но тешко е да се разбере бидејќи ние постигнавме договор со агентот, менаџерот и Бордо. Кога работите се променија му се јавив на нашиот претседател и тој ми кажа да испратам понуда која е подобра од онаа на Барселона“.

„Сакавме да испратиме подобра понуда, но кога видовме дека целиот трансфер стана аукција, се откажавме. Ако некој сака да дојде во Рома, тоа е супер, но ако не сака, ниту ние не го сакаме“.

„Сакам да им кажам на навивачите дека работиме напорно за да доведеме фудбалери еднакво добри или уште поквалитетни од Малком“, порача Мончи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…