Дома Трансфер зона Монако повторно ги продава своите „бисери“ – овој пат во Јувентус

Монако повторно ги продава своите „бисери“ – овој пат во Јувентус

Познато е дека Монако работи фантастично кога се трансферите во прашање и во последните неколку години инкасираше огромна сума од продажба на своите „бисери“.

Сега изгледа на ред дојде младиот Белгиец, Јури Тилеманс, кој во Монако пристигна минатата година за 25 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тилеманс го привлече вниманието со своите настапи во Андерлех, но Монако тогаш ја победи конкуренцијата и го доведе во своите редови.

21-годошниот играч за врска во „кнежевството“ само го потврди својот потенцијал, па сега е на радарот на Јувентус, кој сака да го доведе во своите редови уште во јануари.

Монако за својот „бисер“ сигурно ќе сака голема сума на пари и е спремен да се откаже од Тилеманс само доколку „бјанконерите“ испратат богата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…