Раководството на Монако ова лето ќе ги разгледа сите понуди кои ќе стигнат за нивната ѕвезда, Томас Лемар, па големо се шансите тој да ја промени средината.
Минатото лето многу европски гиганти се интересираа за неговиот потпис, Арсенал дури понуди 90 милиони фунти, но Монако беше одлучен во намерата да го задржи во „кнежевството“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Лемар ова лето сигурно ќе ја промени средината, бидејќи клубот е спремен да го продаде.
Трката за неговиот потпис е веќе започната, а медиумите начесто овој 22-годишен фудбалер го поврзуваат со трансфер во Арсенал и Ливерпул.
Неговата цена во моментов изнесува околу 100 милиони евра, а таа може додатно да порасне доколку Лемар се покаже во добро светло на Мундијалот.
Не е исклучено во траката за неговиот потпис да се вклучат клубовите од Манчестер, ПСЖ и Реал Мадрид.
Monaco will consider offers for France midfielder Thomas Lemar this summer. Arsenal and Liverpool have both been linked with the 22-year-old. (Source: Telefoot) pic.twitter.com/n66FGrBl8n
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 16, 2018