Дома Фудбал Англија Момент кој го чекаа: Ова видео нема да остави рамнодушен ниту еден фан на Јунајтед! 🎥

Момент кој го чекаа: Ова видео нема да остави рамнодушен ниту еден фан на Јунајтед! 🎥

Maнчестер Јунајтед го победи Њукасл со 2:0 и славеше во финалето од Лига Купот, а по натпреварот во прославата им се придружил и легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фергусон се сликаше со трофејот и со Тен Хаг, а на Холаѓанецот и лично му честиташе. Дека Ферги влегол во соблекувалната потврди и Тен Хаг.

„Беше со нас вечерва, навистина е среќен“, изјави холандскиот стратег, па даде коментар за вечерата која се случи неодамна.

„Тоа е вечера која покажува дека сме добри и тој навистина е вклучен и посветен на овој клуб. Сите заедно можеме многу да научиме од него. Тоа што го направи за Манчестер е огромна инспирација за сите нас“, заврши Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибрахимовиќ изненаден од „кам-бекот“ на Роналдо

Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Португалија над Узбекистан со 5:0, соб…