Денес во фокусот ќе бидат натпреварите од Лигата на шампиони, а дербито на вечерта се игра во Париз каде ПСЖ го пречекува Милан.
Ова е една од најтешките и изедначени групи откако се игра ЛШ во овој формат и секој дуел е многу важен, а секој бод може да биде одлучувачки на крајот. Поради тоа сигурно не очекува возбудлив дуел помеѓу два одлични тима на кои бодовите им се потребни.
ПСЖ сака да го заборави дебаклот против Њукасл
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според квалитетот ПСЖ секако важи како главен фаворит во оваа група, која е многу израмнета. Меѓутоа, „светците“ минатото коло доживеаа тежок пораз на гостувањето кај Њукасл, па сега немаат право на кикс, особено кога играат на домашен терен. Луис Енрике ова лето направи големи промени во тимот, но секако целта за ПСЖ останува иста, а тоа е триумф во најелитото натпреварување. Поради тоа за „светците“ ќе биде огромен неуспех ако не ја минат групната фаза, а во ваква група тоа нема да биде чудо, па поради тоа секој бод е важен. Инаку ПСЖ во домашното првенство игра добро и може да се каже дека е во добра форма, но вистискиот тест за овој тим се натпреварите од ЛШ. Иако е фаворит во овој меч и ќе направи се за да ги освои трите бода, сепак нема да биде лесно бидејќи Милан е гигант кој никогаш не смее да се потцени особено во ЛШ. Кога се во прашање повредите, тренерот нема да може да смета на Асенсио, Кимпембе и Мендеш.
Милан не смее да се потцени во ЛШ
Седумкратниот европски шампион после неколку години конечно се враќа на самиот европски врв. Тоа го покажа минатата сезона кога стигна до полуфиналето во ЛШ, иако никој не очекуваше такво нешто. Тоа само покажува дека Милан е тим кој никогаш не смее да се потцени во најелитното натпреварување, бидејќи има големо искуство во вакви натпревари. „Росонерите“ во првите два меча покажаа дека се одличен тим, особено на мечот против Њукасл, но два пати одиграа реми. Проблем беше реализацијата, Милан создаде многу шанси и не успеа да постигне гол, но исто така и не прими гол. „Росонерите“ сигурно нема да дојдат во Париз со бело знаме и ќе направат се за да се вратат во Милано со бодови.
Очекување
Според квалитетот домаќинот е сигурно фаворит на овој меч, но ова е дерби и очекуваме неизвесен дуел кој ќе го одлучуваат детали.