Дома Фудбал Италија Може ли во Серија А да видиме повторување на историјата само со Јувентус како губитник?

Може ли во Серија А да видиме повторување на историјата само со Јувентус како губитник?

Може ли да се повтори сезоната 2011-2012?

Антонио Конте летото 2011 година пристигна во Јувентус. Пред него Јувентус два пати завршуваше на седмото место што се најслабите резултати во историјата на овој клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од него се очекуваше да наметне дисциплина и да изгради свој стил, Јуве тоа лето го доведе Пирло за кого се зборуваше дека е потрошен, но и Пепе, Лихштајнер, Видал, Вучиниќ кои не беа големи ѕвезди, но се покажаа како фантастични играчи.

Милан изгледаше дека е многу посилен од Јувентус, го имаа Ибрахимовиќ, Гатузо, Сидорф, Инзаги, Неста, Замброта, Пато, Тиаго Силва, Робињо, Касано... Ја бранеа титулата и беа апсолутни фаворити, но во текот на сезоната дојде до конфликт помеѓу Алегри и Ибрахимовиќ, исто така многу играчи му замеруваа на Швеѓанецот дека игра сам.

Сето тоа на крајот пресуди, Интер во претпоследното коло го победи Милан и Јувентус ја обезбеди титулата во Трст каде што Каљари беше домаќин.

Дали сега историјата може да се повтори?

Во Интер Конте ја соедени екипата, во Јувентус се појавија проблеми, дел од навивачите не се задоволни од Сари, тука се незадоволните Дибала и Џан...Освен тоа многумина ќе кажат дека против Бреша без Роналдо тимот изгледаше многу подобро.

Како и да е останува времето да покаже дали ќе видиме повторување на историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…