Дома Фудбал Можен скандал во Шпанија: Наместен натпревар во кој играл и Барди?

Можен скандал во Шпанија: Наместен натпревар во кој играл и Барди?

Шпанското правосудство истражува можeн наместен фудбалски натпревар, одигран во декември 2021 година во Копа дел Реј.

Натпреварот меѓу тогашниот прволигаш Леванте и аматерскиот петтолигаш Мелиља, кој Леванте го доби со 8:0, е под истрага, објавија денес шпанските медиуми.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Истрагата била отворена откако шпанската лига добила анонимна пријава, во рамките на истрагата веќе биле сослушани шест лица. Помеѓу сослушаните бил и еден играч на Мелиља.

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди во тој период беше дел од Леванте, додека сега го носи дресот на Трабзонспор каде што пристигна изминатото лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп: Можна промена на домаќините на Светското првенство 2026

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да …