Екипата на Лајпциг ја заврши работата околу доведување на младиот фудбалер од Бразил, Луан Кандида.
Италијанските медиуми претходните месеци пишуваа за него, наводно Јувентус испратил и официјална понуда за овој 18-годишен лев бек, но на крајот не успеаа да го доведат во своите редови.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Наводно и Манчестер Сити се обидел да дојде до него, но ниту тие не успеале во таа намера, па затоа Лајпциг успеа во тоа. „Kicker“ пишува дека медицинските прегледи ќе бидат оваа недела, а за сега надоместот останува тајна, иако се смета дека е околу 10 милиони евра.
Очигледно, Германците поставиле одлични успови за фудбалерот на Палмеира кој е стандарден член на помладата селекција на Бразил.