Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ прерасна во вистинска легенда на „кралскиот“ клуб, но неговиот договор со Реал истекува на крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се уште е неизвесна иднината на 37-годишниот плејмејкер, но се поверојатно е дека на крајот на сезоната Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид.
Не е исклучено Модриќ да го продолжи договорот на уште една сезона, но во трката по потписот на Хрватот се вклучуваат и клубови од Саудиска Арабија и од Катар со богати понуди.
Најсериозен е Ал-Наср, кој веќе започнал преговори со Лука Модриќ, а и самиот Роналдо го убедува Модриќ да ја прифати понудата и да му се придружи во Саудиска Арабија.