Лука Модриќ го доби судскиот спор со шпанската даночна управа која сега ќе треба да му врати 3.6 милиони евра, објави „Ел Мундо“.
Судот пресуди во корист на хрватскиот фудбалер проценувајќи дека даночните власти претерале со барањето за данок во период од 2012 до 2024 година. Модриќ така доби 2.7 милиони како поврат и поништени му беа 900.000 евра кои беа платени во санкции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму во 2012 година летото од Тотенхем Модриќ пористигна во Реал Мадрид. Шпанските власти сметаа дека Модриќ мора да плати 1.2 милиони евра, иако дел за осум месеци веќе платил во Велика Британија.
Исто така на Модриќ му биле наплатени уште 1.5 милион евра за износот кој го исплатил на неговите агенти во 2013 и 2014 година.