На синоќешната церемонија во Лондон, хрватскиот фудбалер Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч оваа година со што ја прекина долгогодишната доминација на Роналдо и Меси.
Модриќ доби 29,5% од вкупните гласови и триумфираше пред Роналдо со 19,08% и Салах со 11,23, а интерсно е да се погледне колку бодови доби од најголемите конкуренти во борбата за ова признание.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Лео Меси, кој со години водат голема битка во Ла Лига му даде на Модриќ максимални пет бодови, додека довчерашниот соиграч Роналдо му даде само три. Според него, најдобар играч е Рафаел Варан, на кој му даде пет.
Освен тоа, интересно е што Меси на својот вечен ривал Роналдо му даде само еден бод, додека Роналдо не му додели ни еден. Меси своите бодови ги даде на Модриќ (5), Мбапе (3) и Роналдо (1), додека фудбалерот на Јувентус гласаше за Варан (5), Модриќ (3) и Гризман (1).