Дома Фудбал Италија Модриќ негира дека сведочел од страната на Интер: Тоа е една голема лага!

Модриќ негира дека сведочел од страната на Интер: Тоа е една голема лага!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ категорично ги демантира шпекулациите дека застанал од страната на Интер во моментот кога „кралскиот“ клуб поднесе жалба против „нероаѕурите“.

Лука Модриќ беше прилично изнервиран од тврдењата на медиумите дека сведочел во полза на Интер и дека потврдил дека наводно сам му се понудил на „нероаѕурите“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, според шпекулациите Реал ќе го пријави Интер, бидејќи разговарал и преговарал со играч кој е под договор, поради што Италијанците можат да бидат казнети.

„Јас сум барал да преминам во Интер, јас сум ги контактирал? Па, тоа е најголемата лага во историјата“, истакна Модриќ.

Двата клуба имаат своја верзија за случајот, кој очигледно се уште е актуелен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…