Дома Топ вести Модриќ на лето во Серија А

Модриќ на лето во Серија А

Раководството на Реал Мадрид потврди дека во моментов не се водат никакви преговори за продолжување на соработката со Лука Модриќ.

Весникот „Марка“ објави дека Модриќ сака да го продолжи престојот на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да прифати помала плата, со оглед на фактот дека неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Реал се уште не му понудил продолжување на соработката на Модриќ, а таквата ситуација сакаат да ја искористат миланските гиганти.

„Калчомеркато“ пренесува дека Милан и Интер веќе стапиле во контакт со агентот на Хрватот и сакаат да го донесат на лето како слободен агент.

„Росонерите“ сметаат дека им е потребен таков искусен играч бидејќи имаат исклучително млад тим, особено ако се вратат во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…