Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ синоќа беше избран за најдобар фудбалер за 2018 година и ја доби „Златната топка“.
Од минатото лето траат шпекулациите дека Модриќ наскоро би можел да го напушти Реал во потрага по нова авантура.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, синоќа Хрватот ги демантираше шпекулациите и истакна дека би сакал кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.
„Имам договор на уште две години со Реал и се надевам дека ќе добијам уште еден договор. Клубот има одличен однос со мене и би сакал тука да ја завршам кариерата. Моето семејство одлично се чувствува во Мадрид и јас уживам во играњето за таков голем клуб“, истакна Модриќ.