На Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва го одигра првиот натпревар по дебаклот против Англија од 7:0 и вечерва видовме една поинаква Македонија – многу подобра.
Италија иако влезе како голем фаворит, воопшто не ја надигра Македонија. Беа опасни Италијанците на стартот, создадоа неколку опасни шанси, погодија и статива, но подоцна и Македонија се закани.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Бојан Миовски ја имаше најголемата шанса за нас кога по нафрлувањето на Алиоски со глава шутираше покрај голот.
Во последните 15-тина минути од првото полувреме гледавме помирна игра без многу прилики.
На самиот старт по една мешаница и погодена пречка, Имобиле се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата.
Македонија – Италиј, гол Имобиле. pic.twitter.com/mDoR4i2bj4
— Stefan Daskalov (@StefanDaskalov5) September 9, 2023
Тој резултат беше активен се до финишот од средбата кога Енис Барди на мајсторски начин, од слободен удар го матираше Донарума.
Барди гол од слободен удар pic.twitter.com/QJyipegRx9
— Stefan Daskalov (@StefanDaskalov5) September 9, 2023
Македонија со овој резултат уште еднаш се покажа како и тоа како незгоден противник за Италијанците кои во четири натпревари не победија само еднаш 3:2, еднаш ремизиравме исто како денес 1:1, а сите се сеќаваме на победата во Палермо со голот на Александар Трајковски.