Веќе подолго време се најавува формирање на европска Суперлига, а УЕФА изгледа спрема одговор.
Бартомеу на своето заминување од Барселона потврди дека Каталонците започнале преговори за учество во таа нова Европска Суперлига која се најавува. Претходниот месец Флорентино Перез и Андреа Ањели имале средба на која изразиле поддршка за таквата идеја. Сега пристигнува одговорот на УЕФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за „швајцарски модел“. Тој модел вклучува повеќе натпревари, но со самото тоа и повеќе натпревари помеѓу најдобрите клубови во Европа. Повеќе детали за тој нов формат на Лигата на шампионите би требало да е знаат наредниот петок. Главните детали се тука, би учествувале 36, место 32 клубови, групната фаза би имала десет кола…Се најавува дека овој нов формат би можел да стапи на сила есента 2024 година. Веќе во вторник ќе бидат испратени нацрти на 55 Фудбалски сојузи на земјите учесници.
Англија, Шпанија, Италија и Германија би имале по четири загарантирани место во групната фаза. Ќе постојат и некои дополнителни можности за квалификации ако некој од големите тимови не успее да стигне до топ 4 во своето првенство. Како што споменавме деталите ќе бидат објавени многу брзо, но едно е сигурно – УЕФА има одговор на Суперлигата!