Изгледа дека Нејмар и Кавани повторно се скарале за пеналот, а многумина тоа не го видоа.
Парижаните во натпреварот од 15. коло на француската Лига 1 играа против Троa на домашен терен, а Кавани на тој натпревар промаши пенал. Сепак, тоа сигурно не беше најинтересната ситуација од натпреварот, туку случувањата пред изведување на пеналот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако снимката е малку конфузна, изгледа дека Нејмар и Кавани повторно се скарале околку тоа кој ќе го изведува пеналот. Потсетуваме, тренерот на ПСЖ, Унаи Емери одлучи тие двајца да се сменуваат кога станува збор за изведување на пеналот, а и тоа се случи во последно време.
Нејмар го шутираше пеналот на гостувањето против Монако минатиот викенд, а изгледа дека сакаше тоа да го направи и против Троа. Иако тоа не се гледа јасно, изгледа дека Кавани му пријде и полека му ја поклони главата за да му даде сознание дека тој ќе го изведе пеналот, а нешто подоцна го турна и голманот на гостинската екипа, па не се гледа јасно дали се скарал со Нејмар или со голманот на Троа.
Погледнете и сами: