Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија до 21 година, е поразена со два гола разлика од нивните врсниците од Катар.
На вториот пријателски натпревари меѓу Катар и Македонија кои се одиграат во Доха, избраниците на селекторот Илија Темелковски вчера беа поразени си 25-23 полувреме 13-11 за домашната репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За разлика од вчерашниот прв меч во кој црвено-жолтите направија прсврт во вториот дел откако првиот го губеа (16-13), па на крајот победија со 25-24 денеска за тоа немаа сили.
Филип Талески со седум гола беше прв стрелец на овој натпревар, пред Димитриоски и Велковски со по три погодоци.
Македонските ракометни надежи утре се враќа во Скопје, каде ќе ги финализираат подготовките пред стартот на Светското првенство во Алжир.
Македонија настапот на Мундијалот ќе го почне на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Четирите најдобро пласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.