Тимот на Ливерпул имаше имперсивна сезона и немаше ниту еден пораз до пред три недели, а од тогаш запиша три порази во три различни натпреварувања.
„Црвените“ загубија на гостувањето кај Атлетико во ЛШ (1:0), потоа следеше првиот пораз во Премиер лигата од Ватфорд (3:0), а синоќа загуби од Челзи (2:0) и беше елиминиран од ФА Купот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само до пред еден месец четата на Клоп делуваше непобедливо, па тогаш еден млад навивач на Манчестер Јунајтед од Ирска му испрати писмо на Клоп.
„Драг Клоп. Ливерпул многу победува. Ако победите на 9 натпревари во низа ќе имате најдолга низа на непобедливост во историјата на англискиот фудбал. Бидејќи јас сум фан на Манчестер Јунајтед тоа ме прави тажен. Ве молам да изгубите на следниот натпревар. Треба само да му доволите на противникот да ве победи. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите лигата или барем да не победувате повеќе“, гласеше писмото на 10-годишното момче.
Медиумите на Островот се шегуваат дека младиот фан го „урочил“ тимот на Клоп, кој од тогаш запиша три порази.
Liverpool have lost three of their last four games since this Manchester United fan asked Jurgen Klopp to stop them winning
— Metro Sport (@Metro_Sport) March 4, 2020
This kid deserves a statue outside Old Trafford pic.twitter.com/AAoio9o3jB