Дома Фудбал Англија Младата ѕвезда на Дортмунд објави твит за Ливерпул, па мораше да го брише

Младата ѕвезда на Дортмунд објави твит за Ливерпул, па мораше да го брише

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд Џуд Белингем објави твит во врска со можноста за негов трансфер во Ливерпул, но набрзо се „покаја“.

Белингем е еден од најталентираните играчи во Европа и за овој 18-годишен фудбалер се интересираат многу европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Откако медиумот „FourFourTwo“ објави дека гигантот од Енфилд го посакува, младиот англиски репрезентативец на твитот на магазинот објави гиф во кој слатко се насмеа.

Очигледно, Борусија веднаш му порачала дека на ниту еден начин не треба во јавноста да коментира за трансфер приказни, поради што мораше да го избрише твитот.

Белингам има договор со Борусија до 2025 година, а во клубот пристигна од Бирминген во 2020 година за 20 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историски момент: За првпат употребено правилото на Венгер – еве како изгледаше (Видео)

Фудбалскиот свет е сведок на можни историски промени кои би можеле да имаат значителен имп…