Предраг Мијатовиќ, легендарниот поранешен црногорски ас на Будуќност, Партизан, Валенсија и Реал, се врати во белградскиот клуб каде се прослави како играч.
„Мијатовиќ, напаѓачот на Партизан од 1990 до 1993 година, е нов член на управниот одбор на белградскиот клуб, соопштено е по седницата на клупското Собрание.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мијатовиќ доаѓа во Партизан во време кога српскиот гигант го тресе невидена резултатска, финансиска и менаџерска криза. Партизан летово беше елиминиран од сите три европски натпреварувања во прелиминарните рунди. Во првенството по десет одиграни натпревари веќе заостануваат 11 бода зад актуелниот шампион и лидер Црвена звезда, која сезонава на свој терен ги победи со 4:0.
Тој најави дека нема да се пресели во Белград. Ќе работи од Шпанија: “Искрено, се уште не знам како сум денес овде. Но, станува се појасно. Се сретнавме двапати, таа одлука ја донесовме завчера и брзо се договоривме“, изјави Мијатовиќ.
Како што вели него го убедил претседателот Расим Љајиќ.