Дома Трансфер зона Михтаријан: Арсенал е мојот омилен клуб, сакам еден ден да играм таму

Михтаријан: Арсенал е мојот омилен клуб, сакам еден ден да играм таму

Трансферот на Алексис Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед изгледа дека зависи од Хенрик Михтаријан, а доколку можеме да се водиме по изјавата на Ерменецот од пред неколку години овој трансфер ќе се реализира.

Имено, англиските медиуми успеаа да „ископаат“ навистина интересна изјава фудбалерот од 2009 година кога го носеше дресот на Металурх од Доњеск.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Мој омилен тим е Арсенал, ми се допаѓа нивниот стил на игра. Венгер е човек кој верува во младите фудбалер, навистина сакам еден ден да играм за овој клуб“, изјави своевремено Ерменецот.

Сега, Михтаријан има шанса да го облече дресот на „топчиите“, но останаува да видиме дали нешто се променило кај него или се уште Арсенал е неговиот омилен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…