Дома Фудбал Италија Михајловиќ пред отказ после дебаклот против Интер

Михајловиќ пред отказ после дебаклот против Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Болоња му спрема отказ на тренерот Синиша Михајловиќ после дебаклот на „Џузепе Меаца“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Болоња вчера беше поразена од Интер со 6:1, а тоа може да го чини отказ Михајловиќ.

Раководството не е задоволно од играта на тимот од почетокот на сезоната, а понижувањето против Интер  може да биде капка која ја прелеа чашата.

Според „Тутомеркато“ на местото на Михајловиќ може да дојде легендарниот играч за врска Даниеле Де Роси.

Де Роси беше асистент на Манчини, но го напушти стручниот штаб на Италија по завршувањето на Европското првенство и сега е во потрага по својата прва самостојна работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дебакл на Мундијалот предизвика вистински земјотрес: Стигна првата голема последица!

Вториот дел од натпреварувањето на Мундијалот започна со натпреварот што синоќа го одиграа…