Дома Фудбал Италија Михајловиќ позитивен на коронавирус!

Михајловиќ позитивен на коронавирус!

Болоња денес официјално соопшти дека тренерот Синиша Михајловиќ е позитивен на коронавирус!

Српскиот тренер е без смптоми и е изолиран во домашна изолација, потврдија од клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На Михајловиќ во јули минатата година му беше дијагностицирана леукемија, па после неколку циклуси на лечење со хемотерапија се врати на тренерската работа.

Меѓутоа, поради сериозноста на болеста и понатаму е во групата на ризични пациенити, па неговата состојба ќе се следи секојдневно.

Болоња соопшти дека целиот тим бил тестиран и дека сите резултати се негативни, а Михајловиќ бил единствен позитивен на Ковид 19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија…