Дома Македонски спорт Митровски пред Казахстан: Да не ги повториме грешките од првиот натпревар, одиме по три бода

Митровски пред Казахстан: Да не ги повториме грешките од првиот натпревар, одиме по три бода

Пред репрезентацијата на Македонија до 21 година се два важни натпревари во квалификациите за ЕЕвропското првенство.

Прво играме против Казахастан на гости, против оваа репрезентација тука одигравме 1:1 и тоа за натпреварот кој се игра во четврток треба да е дополнителна мотивација за подобар резултат.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Мислам дека можеме да запишеме три бода. Сите натпревари до крајот се важни, треба сите дуели до крајот да се победат за да се освои тоа второ место со надеж дека ќе идеме на Европско првенство. На тој натпрева тука против Казахстан можеби можевме повеќе, пропуштивме многу шанси, селекторот направи анализа и ќе увидиме каде ни се грешките кои не треба да ги повториме.Тие можеби не гледаат од друг аспект, но нашиот став е јасен, одиме на победа и три бода“, изјави напаѓачот Димитар Митровски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…