Mинатата сезона Барселона не ја освои Примера, ниту Лигата на шампионите. Оваа сезона се на чекор од освојување на титулата вбо домашното првенство, а со одличните настапи се едни од фаворитите и во Лигата на шампионите, но гледачи на „Ноу Камп“ има се помалку…
Зошто?
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатата сезона Барселона просечно ја гледаа 77.443 гледачи, а оваа сезона многу помалку. Никој не знае зошто „Камп Ноу“ е се повеќе празен, но постојат неколку причини зошто Меси и друштвото се се помалку гледани.
Една од причината е напнатоста која владее во Каталонија после референудмот за независност на шпанската покраина. Многумина стравуваа од тероризам и избегнуваат јавни собири во последно време, смета „Натионал“. Дел од навивачите се и разочарани од однесувањето на клубот во текот на референдумската криза.
Секако, заминувањето на Нејмар, најголемата ѕвезда на клубот после Лионел Меси, разочара дел од навивачите. Тие навивачи очигледно на стадионот не ги врати ниту доаѓањето на Осман Дембеле и Фелипе Кутињо.
Стадионот не беше распродаден ниту еднаш оваа сезона, а минатата сезона Барселона го распродаде само четири пати. Само на натпреварот против Еспањол на стадионот имаше повеќе гледачи од минатогодишниот просек. Просечно 16.000 гледачи помалку ја гледале Барселона во Примера оваа сезона. Во вчерашниот натпревар против Валенсија во полуфиналето од шпанскиот куп Барселона ја гледаа нешто повеќе од 50.000 гледачи, а само на натпреварот против Спортинг имаше помалку гледачи.
? 50,959 fans at the Camp Nou. Thanks! ??? #ForçaBarça #CopaBarça pic.twitter.com/aWo47gPSgP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 1, 2018
„Не знам што можеме да направиме за да ги привлечеме навивачите“, се пожали тренерот на Каталонците после вчершаниот натпревар.
Во Каталонија веруваат дека во вториот дел од сезоната и добрите настапи во првенството и Лигата на шампионите можат да ги вратат гледачите.