Веќе пишувавме за играчите кого Каталонците го украдоа од пред носот на Рома, а сега го нема ниту за натпреварот во Лигата на шампионите.
Изминатото лето како вистинска бомба одека веста дека бразилскиот фудбалер Малком буквално од авионот за Рим се врати во Бордо и отпатува за Барселона каде што стави поптис на повеќегодишен договор, а Барселона за него плати 41 милион евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите, логично после таквата драма очекуваа играчот за кого клубот беше спремен да направи таква драма да добива солидна минутажа, но нешто очигледно тргна во надолна линија.
Во досегашниот дел од сезоната Бразилецот одигра само 27 минути. Дебитираше на 25 август во победата над Ваљадолид кога одигра само седум минути, а потоа еден месец подоцна, поточно на 26 септември доби уште 20 минути против Леганес. Против Ваљадолид славеше со 1:0, а во дуелот со малиот клуб од Мадрид запиша пораз од 2:1.
Последната потврда сепак стигна кога тренерот Ернесто Валверде не го смести за списокот за натпреварот против Тотенехем во Лигата на шампионите.
Целата приказна доаѓа во момент кога Барселона се наоѓа во резултатска и играчка криза што дава дополнителна тежина.
SQUAD LIST ANNOUNCED!
⚽ #TottenhamBarça
?? #ForçaBarça pic.twitter.com/l21zkCiT20— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 1, 2018