Филип Миркуловски против Чешка го одигра неговиот последен натпревар во репрезентативниот дрес, а сега доби признание од неговиот поранешен соиграч Наумче Мојсовски.
Мојсовски му додели признание на Миркуловски за посебен придонес во ракометот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За ракометарот нема последна игра! Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти!Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! а однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја! Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport, но и како соиграч на Миркуловски имав можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот“, напиша Мојсовски.