Дома Фудбал Италија Миранда не е задоволен: Сакам да играм повеќе!

Миранда не е задоволен: Сакам да играм повеќе!

Дефанзивецот на Интер, Миранда јавно призна дека е незадоволен од својот статус во клубот и сака да има поголема минутажа.

Иако до минатата сезона беше незаменлив во тимот и запиша 31 настап во Серија А, сепак Миранда оваа сезона многу повеќе време поминува на клупата отколку на теренот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Спалети повеќе му верува на дефанзивното дуло Скриниар – Де Вриј, па Бразилецот има само шест настапи оваа сезона.

„Логично е играч со моите квалитети да сака да игра повеќе. Но како што реков и порано, тука сум да му помогнам на тимот. Сакам на најдобар начин да ги искористам минутити кои ги добивам на теренот“, изјави Миранда.

Миранда пристигна во Интер во 2016 година од Атлетико Мадрид, а има договор со „нероаѕурите“ до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…