Поранешниот босански репрезентативец и фудбалер на некои од најголемите европски клуови, Миралем Пјаниќ е пред потпис со новиот клуб.
На крајот на ова лето Пјаниќ ќе го напушти Шарах од Обединетите Арапски Емирати по две години соработка. Се шпекулираше дека може да се врати во европскиот фудбал, но од тоа нема да има ништо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот 34-годишен фудбалер кариерата ќе ја продолжи о редовите на Ал Раед од Саудиска Арабија. Со овој тим Пјаниќ договорил соработка до летото 2026 година.
Во наредните денови Пјаниќ ќе ги помине лекарските прегледи и ќе го комплетира трансферот. Финансиските детали од договорот засега не се познати.