Дома Трансфер зона Кој ќе биде „жртва“ на Вајналдум во средниот ред на Барса?

Кој ќе биде „жртва“ на Вајналдум во средниот ред на Барса?

Тренерот на Барселона, Роналд Куман треба да ослободи едно место во средниот ред на Каталонците, пред да го доведе Вајналдум од Ливерпул.

Холанѓанецот ќе пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент, но и покрај тоа новиот претседател Лапорта му порачал на Куман да продаде еден играч за врска.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според каталонски „Спорт“ тренерот сака да ги задржи сите млади играчи во тимот, па поради тоа Миралем Пјаниќ ќе биде продаден, иако пристигна пред само една година.

Босанецот запиша 28 меча оваа сезона, но не ги оправда очекувањата, па ќе биде ставен на трансфер листа.

Интерес за него покажуваат италијанските гиганти Интер и Милан, а Барса за неговата слобода ќе бара 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …