Според последните информации кои пристигнуваат екс-фудбалерот на Јувентус, Барселоан и Рома, Миралем Пјаниќ кариерата ќе ја продолжи во Русија.
Наводно, Пјаниќ постигнал договор со екипата на ЦСКА Москва и наскоро се би требало да биде потврдено.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Информациите се дека Пјаниќ е веќе во Русија каде што треба да го потпише договорот и да го комплетира трансферот.
Откако го раскина договорот со Ал Шарјан од Обединетите Арапски Емирати, Пјаниќ се поврзуваше со неколку клубови, па дури се појави и како опција за Милан, но од таквиот трансфер не излезе ништо. Во кариерата го носеше дресот уште на Мец Лион и Бешикташ.