Дома Фудбал Останато Минхен се прости од легендата: Швајнштајгер го одигра последниот натпревар за Баерн и постигна погодок (видео)

Минхен се прости од легендата: Швајнштајгер го одигра последниот натпревар за Баерн и постигна погодок (видео)

swain

75 илјади навивачи се собраа на „Алијанц Арената“ со цел да ја поздрават легендата на Баерн и германскиот фудбал, Бастијан Швајнштајгер.

Во овој момент тој настапува во САД во тимот за Чикаго, а токму со овој тим одигра пријаелски натпревар против Баерн. Во второто полувреме ги промени страните и последен пат заигра за германскиот гигант.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германците славеа победа од 4:0, а еден од погодоците во вториот дел беше дело токму на популарниот Швајни. Во 84 минута со убав удар после уфрлувањето на Алаба го постави конечниот играч. Во вториот дел сите фудбалери на Баерн на грбот го носеа неговиот број 31.

„Јас сум еден од вас и секогаш ќе бидам. Моето минато му припаѓа само на Баерн“, во солзи изјави Швајнштајгер после натпреварот.

За Баерн Германецот одигра 500 натпревари и постигна 68 натпревари. Освои осум титули во Бундес лигата, седум купови, Лига на шампиони и титула светски клупски шампион. Со репрезентаијата на Германија од која се прости во 2016 година го освои Мундијалот во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…