Дома Топ вести Министерството за финансии на Шпанија: Нема докази против Барселона

Министерството за финансии на Шпанија: Нема докази против Барселона

Бурно е во Шпанија во изминатиот период откако беше отворена истрагата за наводна корупција на Барселона преку потпретседателот на шпанската судиска комисија Хосе Марија Енрикез Негреира.

По направената истрага, Министерството за финансии на Шпанија утврдило дека нема докази против Каталонците, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имено, во нивната истрага тие заклучиле дека нема никаков доказ дека со парите кои Барселона му ги исплаќала на Негреира се влијаело на резултатите. По ова извесно е дека против каталонскиот гигант нема да има никаква постапка.

Ќе потсетиме, Барселона беше обвинета дека во период од 2001 до 2018 година му исплаќала пари на потпретседателот на судиската комисија со цел за консултантски услуги околу судењето и подготовка на тренерите и фудбалерите за арбитражата на шпанските судии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Руд Ван Нистелрој има нова работа, ќе го преземе поранешниот шампион на Англија

Руд ван Нистелрој остави силен впечаток за време на неговиот краток период на чело на Манч…