Габриел Барбоса познат како Габигол, никако не успева да пронајде нов клуб.
Интер не смета на Габигол, младиот фудбалер веројатно е една од најголемите грешки на италијанскиот клуб. Лучијано Спалети веќе го „отпиша“, па агентот на младиот 20 годишен фудбалер е во потрага по нов клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилецот има петгодишен договор со Интер, платен беше 30 милиони и сите го сметаат за огромно промашување.
Сега не е во состојба да пронајде нов клуб, Марсеј е последниот клуб кој одби да го купи или да го доведе на позајмица.
Ниту, Андони Зубизарета, спортскиот директор , како ниту Руди Гарсија, тренерот на Марсеј, не беа заинтересирани да го доведат Габигол во своите редови. Изгледа дека потрагата мора да продолжи…