Дома Фудбал Италија Милионите вродија со плод: Милан 10 години чекаше на ваков старт

Милионите вродија со плод: Милан 10 години чекаше на ваков старт

Милан оваа сезона во првите четири кола запиша три победи и тоа е, инетресно, најдобар старт на „росонерите“ во изминатите десет години.

Тимот на Монтела забележа катастрофален пораз од Лацио, но запиша три победи во првите четири кола. Ова е најдобар резултат за „росонерите“ уште од сезоната 2006/07, кога после првите четири кола имаа 10 бода.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Милан има компетно нов тим оваа сезона откако во летниот преоден рок потроши повеќе од 200 милиони евра и донесе 11 засилувања.

Поради тоа тренерот Винченцо Монтела изјави дека и тој самиот не знае колкав е потенцијалот на неговиот тим, бидејќи тимот сеуште се гради.

„Се навикнуваме да играме натпревари како овој против Удинезе, но не знам точно колку е голем потенцијалот, бидејќи тимот е комплетно нов. Се обидувам да го извлечам најдоброто од моите играчи, но треба време сите да се запознаат добро и да станеме тим, ова е само почеток“, изјави Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан заинтересиран за дефанзивецот на Удинезе

Милан се интересира за трансфер на дефанзивецот на Удинезе Томас Кристенсен, јавува “Гадзе…