Дома Топ вести Милинковиќ-Савиќ се договори со новиот клуб, познати сите детали

Милинковиќ-Савиќ се договори со новиот клуб, познати сите детали

Италијанските медиуми ексклузивно пренесуваат дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигнал договор со Јувентус.

Познато е дека СМС е примарна цел на „бјанконерите“ кои веќе лодолго време работат на трансферот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неговиот агент, Матија Кежман имал средба со раководството на Јувентус и договорил четиригодишна соработка со плата од 6 милиони евра по сезона.

Милинковиќ-Савиќ одби да ја продолжи соработката со Лацио, па на лето ќе влезе во последната година од договорот и клубот ќе мора да го продаде.

Поради тоа медиумите тврдат дека цената на трансферот не би требало да изнесува повеќе од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…