Дома Топ вести Милинковиќ-Савиќ сака да остане во Италија, два гиганти спремаат понуда

Милинковиќ-Савиќ сака да остане во Италија, два гиганти спремаат понуда

Сергеј Милинковиќ-Савиќ сигурно ќе го напушти Лацио на крајот на сезоната, а преферира да остане во Серија А.

Србинот одби да го продолжи договорот со Лацио бидејќи сака трансфер, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.

Најсилен интерес за СМС покажуваат Јувентус и Милан,а медиумите тврдат дека играчот ги одбил понудите на другите клубови и ќе бира помеѓу Милано и Торино.

Бидејќи има само една година договор неговата цена драстично падна, па Лацио ќе мора да се задоволи со 40 милиони евра, иако пред две години одби 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…