Дома Топ вести Милинковиќ-Савиќ го избра новиот клуб

Милинковиќ-Савиќ го избра новиот клуб

Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на мета на многу европски гиганти, па на лето е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но и неговиот менаџер истакна дека СМС е спремен за трансфер во голем клуб.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


За неговиот потпис ќе се борат четири европски гиганти и тоа Милан, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Последните информации од Апенините се дека Милинковиќ-Савиќ го избрал следниот клуб и сака кариерата да ја продолжи во Јувентус.

Лацио сигурно нема лесно да се откаже од Србинот и за неговата слобода бара 70 милиони евра, но преферира да го продаде на клуб надвор од Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…