Дома Фудбал Англија Миленковиќ за интересот на Јунајтед: „Работи многу, зборувај малку“

Миленковиќ за интересот на Јунајтед: „Работи многу, зборувај малку“

Италијанските медиуми во последните неколку дена пренесуваат дека Никола Миленковиќ би можел да заигра за Манчестер Јунајтед.

Поранешниот играч на Партизан со игрите во Серија А го сврте вниманието на фудбалските великани, а најголем интерес покажува Јунајтед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Не е познато колку Црвените ѓаволи се спремни да издвојат во јануари за да го донесат на Олд Трафорд, но јасно е дека мора да го одврзат ќесето. Фиорентина претходно одби некои понуди кои достигнуваа до 40 милиони евра.

„Мурињо ме сака? Мојата прва мисла кога станам наутро е како да напредувам како играч.“ – изјави Миленковиќ за Кориере дело Спорт и додаде:

„Не сакам да губам време и од оние сум кои веруваат дека колку и да имате години, секогаш учите. Кога дојдам на тренинг или во недела на натпревар, мојата единствена цел е да дадам се од себе. Моето мото е: ‘работи многу, зборувај малку’. Едноставно.“

Покрај Јунајтед, интерес за Миленковиќ покажуваат Челси и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …