Дома Фудбал Италија Миленикот на навивачите на Јувентус добив нов договор и станува наследник на Киелини?

Миленикот на навивачите на Јувентус добив нов договор и станува наследник на Киелини?

Џорџо Киелини од поодамна влезе во залезото на кариерата како и Леонардо Бонучи и поради тоа во Јувентус размислуваат за нов капитен.

„Ла Газета дело Спорт“ пишува дека во торинскито клуб веќе одлучиле кој ќе биде наследник на двајцата стопери. Изборот паднал на Паоло Дибала.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дибала минатото лето беше блиску до заминување во Премиер лигата, меѓутоа на крајот остана и Јувентус не погреши што тогаш ги стопираше преговорите. Дибала сезонава го покажа својот квалитет.

Сега во Јувентус имаат сосема поинакво мислење за Аргентинецот и очекуваат наскоро да потпише нов договор. Место досегашните 7.5 милиони годишно Дибала би добил покачување на 10 милиони евра, но ќе ја добие и капитенската лента.

Дибала во Јувентус пристигна летото 2015 година од Палермо за сума од 40 милиони евра. Во меѓувреме почна да го носи и дресот со број 10 и стана вистински миленик кај навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…